24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриземјени сите „Боинг 787 Дримлајнери“

Приземјени сите „Боинг 787 Дримлајнери“

_Boeing-787-Dreamliner

Јапонската компанија пријави проблем со батеријата која предизвикала грешка во пилотската кабина, поради која пилотите биле принудени да слетаат на Југозападниот дел на Јапонија.

Сите авиони на двете водечки јапонски компании од типот „Боинг 787 Дримлајнер” се приземјени поради безбедносни проверки, по принудното слетување поради дефект на еден од авионите.

По инцидентот компанијата ги приземјила сите 17 авиони од тој тип поради безбедносни проверки. Веднаш потоа „Јапонија ерлајнс“ објави дека поради безбедносни причини и тие ќе ги одложат сите летови со „Боинг“ 787 кои денес требаа да полетаат од Јапонија, изјавиа од агенцијата.

Јапонското министерство за транспорт, соопшти дека принудното слетување ќе се смета за голем инцидент и дека ќе покренат истрага за случајот.

Противпожарната служба соопшти дека поради принудното слетување има повредено машко лице на возраст од 60 години, кое е пренесено во болница поради мала повреда на колкот.

Еден од патниците во интервјуто на телевизијата HXK, изјавил дека премногу се  плашел авионот да не се сруши додека летал над островот Шикокуа, кој е четврти по големина во Јапонија.

„Ои Нипон ервејс“, е првата компанија која го добила дримлајнерот од „Боинг“ после повеќегодишно каснење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП