1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLos Angeles Times продаден за половина милијарда долари

Los Angeles Times продаден за половина милијарда долари

Весникот „Los Angeles Times“ ќе прејде во рацете на локален милијардер за цена од 500 милиони долари, и така ќе се заврши напнатиот период со сопственоста на сопственикот на „Chicago Tribune“.

Патрик Шон-Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес, и според податоците на Форбс, е најбогатиот лекар во САД, со имот од 7,8 милијарди долари.

Денешната објава значи дека „Los Angeles Times“ за прв пат после 18 години ќе биде во локална сопственост. Весникот неодамна го промени главниот уредник, трет пат во последните шест месеци, а новинарите за прв пат во 136 години долгата историја на весникот се организираа во синдикат.

Конфликтите на „Los Angeles Times“ и чикашките сопственици беа чести и се поостри. Шон-Шионг има малцински удел и во сопственоста на кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс.

Пред него, основачот на Amazon Џеф Безос го купи „Washington Times“ за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Boston Red Socks, Џон Хенри го презема „Boston Globe“ за 70 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП