2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDr. Oetker купува дел од бизнисот на Unilever

Dr. Oetker купува дел од бизнисот на Unilever

Британско-холандската компанија „Unilever“ објави дека од германската компанија „Dr. Oetker“ примила понуда за купување на бизнисот со колачи и десерти „Alsa“.

Од овој гигант во сегментот на стоката за широка потрошувачка соопштија дека обврзувачката понуда вклучува и купување на производните погони на „Alsa“ во Франција.

Цента на трансакцијата не е наведена. „Unilever“ во 2000 година ја купи компанијата „Alsa“ во чија палета на производи се наоѓаат разни готови мешавини за подготовка на колачи и прашоци за пециво. Понудата на „Dr. Oetker“ временски се поклопува со настојувањата на „Unilever“ да го унапреди работењето поради се посилните притисоци на акционерите да остварат поголема вредност.

По неуспешните понуди за преземање со кои во 2017 година им пристапи американскиот прехрамбен гигант „Kraft-Heinz“, „Unilever“ ги откупи акциите, се обврза на зацртаната маржа, постигна договор за намалување на бизнисот во сегментот на маргарини и намази и најави дека сака да се откаже од досегашното двојно управување. Аналитичар од компанијата „Liberum“ Нико Стакелберг изјави дека споменатиот дел од бизнисот не спаѓа во основната дејност на „Unilever“ и веројатно му припаѓа на сегментот со послаб раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП