16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем скок на Грција - во 5 области двоцифрено

Голем скок на Грција – во 5 области двоцифрено

Индустриското производство во Грција порасна минатата година за 4,1 проценти на годишно ниво, а во декември е зголемено за 0,2 проценти, известува агенцијата АНА.

Според денешните податоци на Заводот за статистика, фабричкото производство лани забележало раст од 3,3 проценти, а во последниот месец од 2017 година скокнало за 6,3 проценти.

Како што се наведува во соопштението за статистиката, раст во декември забележала фармацевтската индустрија за 16,3 проценти, индустријата за базни метали за 23,3 проценти, производството на компјутери, електроника и оптички производи е зголемено за 20,1 проценти, на машините и опремата за 22,4 проценти и производството на мебел за 25,5 проценти.

Од друга страна, рударството во извештајниот месец регистрирало пад од 8,8 проценти, производството на електрична енергија опаднало за 13,6 проценти, а производството на вода за 3,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП