27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот сектор во Словенија ќе добива плати во обврзници?

Јавниот сектор во Словенија ќе добива плати во обврзници?

alenka1

Ако досегашните мерки не бидат доволни за финансиска стабилизација на Словенија премиерката Аленка Братушек не ја исклучува во потполност можноста, дел од платите во јавниот сектор да се исплаќаат во обврзници со државна гаранција.

“Сеуште размислуваме дали и на кој начин државата може да се задолжи кај граѓаните”, рече Братушек во интервјуто за љубљанскиот весник “Дневник”, одговарајќи на прашањето што е со идејата која пред два месеци во интервју за деловниот весник „Finance“ ја презентираше министерот за економија Станко Степишник, велејќи дека вработените во јавниот сектор кои имаат плата над 1500 евра, дел од платата ќе ја добијат со одложување од една година, и за таа сума ќе добијат хартии од вредност со владините гаранции.

Намалувањето на платите во јавниот сектор, кое е договорено со синдикатите и ќе се применува од 1 јули, беше неопходно поради финансискиот дефицит на државата, а доколку е потребно во иднина, владата не исклучува некаква нова форма на задолжување од граѓаните.

Словенечката премиерка истакна дека нејзината визија е “социјална и солидарна Словенија”, а не држава со ниски даноци и високи општествени поделби.

“Социјалната и солидарна држава за мене претставува единствениот начин, и друг пат не гледам. Секој кој има повеќе мора да биде свесен дека е потребна солидарност, дури и кога не е задоволен со даноците. Ниските даноци значат и ниски социјални стандарди, нови отпуштања, а тоа не е мојата визија “, изјави Братушек во разговорот за „Дневник“. Таа додаде дека нејзин пример се скандинавските земји со високи општествени стандарди, а не земји со ниски даноци каде што нема квалитетен јавен здравствен и образовен систем кој е достапен за сите и во општеството има само една „шака“ богати.

“Сега ни е потребен договор каква држава сакаме, во каква држава луѓето би сакале да живеат”, изјави Братушек, додавајќи дека нејзиниот одговор е јасен и дека нема друга визија, освен Словенија која ја гледа како социјална и солидарна држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП