27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебата на тема „Младите и иновациите“

Дебата на тема „Младите и иновациите“

Во рамките на третото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“, што ја организира Францускиот институт во Скопје на Машинскиот факултет при УКИМ се одржа дебата на тема „Младите и иновациите“, на која претставниците на повеќе образовни институции и на бизнис-заедницата, иноватори и студенти, се осврнаа на важноста на иновациите за развојот на општеството, но и на потребата од поголема државна поддршка за поттикнување и реализација на креативните идеи.

Пред присутните се обрати и заменик-министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој рече дека колку повеќе изумители, креативци и претприемачи има во една земја толку општеството и економијата побргу напредуваат и затоа Владата одлучи да ја интензивира поддршката за развој на иновативноста.

„Во тој дел постои еден координиран институционален пристап, кој својот ефект ќе го даде на среден или долг рок. Сите активности што ги имаме утврдено и ги преземаме во рамките на владината програма за работа се во согласност со Стратегијата за развој на иновациите 2012-2020, Законот за иновациската дејност, Регионалната стратегија за истражување и развој на иновации за Западен Балкан и повеќе други стратешки документи, кои се дел поширокиот план за градење на Република Македонија како земја на знаење, иновации и информатичка технологија“, рече Адеми.

Тој се осврна и на новите можности што во изминатиот период ги воведе Фондот за иновации и технолошки развој со цел доделување средства на нови категории корисници, меѓу кои повикот за доделување средства на ученици од основните и средните училишта за финансирање научно-истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, комплементарни со наставните планови и програми по овие предмети, како и повикот за финансирање технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во земјата, преку кој веќе се избрани 5 компании што ќе ги користат предвидените средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП