11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 4-ти април Eurostar ќе го поврзе Лондон со Амстердам

Од 4-ти април Eurostar ќе го поврзе Лондон со Амстердам

„Eurostar International“ ќе се поврзе со железничките пруги во Лондон и Холандија од 4-ти април. Ова е најголемото проширување на мрежата на високо-брзински железнички оператори од 1994-та година кога почна да работи, пишува „Bloomberg“.

Еден воз од британскиот главен град ќе патува малку повеќе од три часа до Ротердам, а уште 40 минути до Амстердам. Компанијата работи на започнување на линијата од 2013-та година.

Околу 4 милиони луѓе во моментов патуваат меѓу Лондон и Амстердам со авион и „Eurostar“ е насочен кон значителен дел од овој пазар. Компанијата поседува над 70% од комбинираниот воздушен и железнички превоз помеѓу Лондон и Париз, иако времето за патување до францускиот главен град е значително пократко – 2 часа и 15 минути.

„Многу сме возбудени“, рече во телефонското интервју, извршниот директор на „Eurostar“, Никола Петровиќ. „Пред неколку години рековме дека сакаме да стигнеме до многу други дестинации, а додавањето на Амстердам е навистина последно парче од сложувалката“, рече тој.

Возовите на новата траса првично ќе се возат двапати дневно, тргнувајќи од Лондон во 08:31 и во 17:31 попладне. Патниците за враќање првично ќе мора да запрат во Брисел за контрола на пасоши, бидејќи холандските станици сè уште не се опремени за да ги извршат овие проверки.

„Eurostar“, контролиран од францускиот државен железнички оператор „SNCF“, изјави дека има загриженост за влијанието на патувањето од излезот на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП