
Холандскиот авиопревозник Corendon од ова лето ќе воведе сезонска авиолинија од Охрид до градот Мастрихт, во југоисточна Холандија.


Холандскиот авиопревозник Corendon од ова лето ќе воведе сезонска авиолинија од Охрид до градот Мастрихт, во југоисточна Холандија.
Летовите ќе почнат да се реализираат од 6 јули. Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам.
Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети. Од Општина Охрид велат деке се очекува уште неколку авиооператори меѓу кои Brussels Airlines, Nordica и TUIflyда ги објават новите летови до Охрид што ќе се реализираат од ова лето.