10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИНБОХ: Наша одговорност е да поддадеме рака и понудиме помош и поддршка...

ИНБОХ: Наша одговорност е да поддадеме рака и понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство

“Нашата мисија е идентична, наша одговорност е да поддадеме рака и понудиме помош и поддршка за заштита на македонското културно и државно наследство“.

Ние разбираме дека Државниот Архив на Македонија во овој момент се соочува со големи предизвици. Тој има тешка мисија “да го чува и заштитува вековното културно и државното наследство на Македонија“ а кога мисијата е безвременска, тогаш сигурно и очекувано е дека во некои фази ќе се појават предизвици кои треба да се надминат.  Нашата мисија во ИНБОХ, како Архив е ИДЕНТИЧНА и затоа чувствуваме и професионална и општествена одговорност во овој момент да ги понудиме сите наши ресурси – архивски депоа, архивски сефови, логистика опрема, технологија и човечки ресурси во служба на Државниот архив за да се надмине предизвикот со кој се соочува.  Нема место за паника, туку рационално и одговорно однесување.

Ние упативме формален допис до државниот архив, во кој го известуваме дека стоиме на располагање со сите ресурси без надомест во сите фази на организирање и управување со процесот на селење, привремена заштита и/или конзервација на архивскиот материјал, изјави сопственикот на ИНБОХ, Г-динот Стојче Тасков.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП