20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаучете да го барате она што го сакате

Научете да го барате она што го сакате

Замислете дека седите во канцеларијата и го чекате шефот со кој би требало да разговарате за платата. Вие мислите дека заслужувате зголемување на платата, бидејќи имате причина за тоа благодарени на напорната работа. Е сега замислете ја истата ситуација, само што во оваа ситуација замислете дека вие се залагате за некој друг. Дали почувствувавте олеснување поради тоа?

Жените потешко се залагаат за себе

Како што тврди Хана Рајли, професорка на Универзитот Харвард, не сте единствени.

Жените многу подобро преговараат за други лица отколку за себе. Tоа има врска со социјалните стереотипи, бидејќи жените се доживуваат како големи мајки кои се залагаат за интересите на другите, пред се на своите деца.

Еве како да научите да се залагате повеќе за себе и притоа да го добиете тоа што го сакате…

Бидете тоа што всушност сте

Жените мора да научат да бидат искрени кон себе. Тоа можеби не е едноставно, но ако се фатите себе си како лажете и смислувате однапред што ќе му кажете на некого, тоа не е тоа што вие вушност сте. Затоа научете да го кажувате тоа што навистина го мислите.

Запознавајте луѓе

Подобрете ги своите преговарачки вештини преку пријателставата со други лица. Мора да запознавате луѓе и да ја проширувате вашата мрежа на познаници за да имате на некој начин поддршка за себе. Луѓето можат да влијаат на вас, можат да кажат некој убав збор за вас, може да ве поддржат или да ја поттикнат вашата работа. Колку повеќе луѓе знаете и колку повеќе разговарате со нив, толку ќе бидете послободни и поотворени кога ќе се залагате и за самите себе.

Мислете на себе, но не се истакнувајте во преден план

Важно е да се ставите себе си на прво место и да се залагате за себе, но не смеете при преговарањето премногу да се истакнувате себе си. Не истакнувајте дека токму Вие го заслужувате тоа и дека Вие тоа го сакате. На лицето со кое разговарате мора да му создадете слика дека тоа што го барате има позитивен ефект и за него, како и тоа дека го разбирате неговото размислување и неговите постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП