18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕмпајер стејт билдинг ќе свети во боите на македонското знаме по повод...

Емпајер стејт билдинг ќе свети во боите на македонското знаме по повод ЗОИ 2018

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме ќе осамнат на врвот на њујоршката зграда Емпајер стејт билдинг. Имено, на познатиот облакодер ќе ротираат боите на знамињата на сите земји учеснички на Зимските олимписки игри.

Од Министерството за надворешни работи, од каде ја соопштија информацијата, додаваат дека осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички, ќе започне денес во 23:22 часот по македонско време.

Насловната фотографија е пример за тоа како би изгледало осветлувањето на Емпајер стејт билдинг во боите на македонското знаме.

Инаку, Македонија ќе има тројца претставници на претстојните дваесет и трети Зимски зимски олимписки игри кои од 9 до 28 февруари ќе се одржат во Јужна Кореја.

Нашата земја ќе ја претставуваат Антонио Ристевски – алпско скијање (слалом и велеслалом), Ставре Јада – крос кантри (спринт и 15 километри) и Викторија Тодоровска – крос кантри (10 километри).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП