11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoE ја задржа каматната стапка непроменета

BoE ја задржа каматната стапка непроменета

Централната банка на Англија (Bank of England – BoE) ја задржа референтната каматна стапка непромента, бидејќи британската економија е соочена со неизвесноста поради отстапувањето од ЕУ.

Комитетот на BoE со едногласна одлука ја задржа референтаната каматна стапка на 0,5 проценти, три месеци по нејзиното зголемување, што беше прво подигнување на каматата во последните десет години, пренесува агенцијата АП.

Од централната банка, сепак, наведуваат дека ќе биде неопходно порано и поголемо зголемување на каматните стапки во наредните месеци, за да се ублажи ефектот за зајакнување на растот на глобалната економија на британската инфлација, пренесува Фајненшл Тајмс.

Најавени се три зголемувања на каматната стапка во наредните три години, и дека првото е можно веќе во мај.

Оваа вест предизвика силен скок на фунтата, која зајакна за 0,6 проценти на 1,3962 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП