27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште три дена до ексклузивниот настан со Дарко Марковиќ

Уште три дена до ексклузивниот настан со Дарко Марковиќ

Во понеделник, 12.02.2018, во 18.30 часот во хотел Арка во Скопје, ќе се одржи долгоочекуваниот настан со најдобриот мотивациски говорник на Балканот, Дарко Мирковиќ. Истиот е во организација на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ), кои редовно отвораат можности од ваков тип за своите членови.

Мотото на Дарко Мирковиќ е: „Верувај и направи!“ и одлично се поклопува со методот на работа на Асоцијацијата на менаџери на Македонија (АММ). Поради таа причина спојот на оваа организација и говорник е ексклузивна можност.

Дарко Мирковиќ во неодамнешно интервју истакна, „Мојата животна цел е да допрам до што поголем број на луѓе за да ги постават и остварат своите цели, и при тоа да го зголемат својот личен потенцијал.“. Резултатите од неговите тренинзи се опипливи за секој кој е запознаен со неговата работа, а за тие кои не се може да се уверат во истите и да ги надградат своите вештини за зголемена продажба, поголема продуктивност во работата, поголем профит на компанијата, поголеми лични резултати и резултати на вработените. Еден од најдобрите светски мотивациски говорници, Брајан Трејси, за Мирковиќ вели дека е голем експерт кој може да му помогне на секого.

Се покануваат сите претприемачи, менаџери или, пак, сите кои сакаат да научат некоја нова вештина да се пријават на [email protected].

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП