11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека светот ги критикува, Германците рушат рекорди

Додека светот ги критикува, Германците рушат рекорди

Извозот на Германија порасна за 6,3 проценти во 2017 година, надминувајќи го рекордот од претходната година, а увозот по уште поголема стапка од 8,3 проценти, исто на рекордно ниво.

Германија извезла стока во вредност од 1,27 билиони евра минатата година, додека увозот скокнал на 1,03 билиони евра, според податоците на германската федерална канцеларија за статистика, пренесува агенцијата АП.

Извозот долго имаше главна улога во германската економија но силната домашна побарувачка сега го презема приматот и стана водечки двигател на економскиот раст.

Силниот германски извоз повеќе пати се најде на удар на критики ширум светот, поради високиот трговски суфицит.

Имено, суфицитот на Германија минатата година достигна 244,9 милијарди евра, што е помалку во однос на рекордните 248,9 милијарди евра од 2016 година, соопшти статистичката канцеларија.

„Критиките на сметка на германскиот трговски суфицит би требало да спласнат, бидејќи увозот порасна побрзо од извозот“, изјави генералниот директор на Федерацијата на германските индустрии, Јоаким Ланг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП