23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадот Скопје со поддршка на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на...

Градот Скопје со поддршка на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на работа“

Во рамки на многубројните активности за промоција и поддршка на користењето на велосипедот како алтернативно превозно средство, Градот Скопје дава поддршка и се приклучува на иницијативата на неформалното здружение „На тточак“ и ги повикува сите да се вклучат во одбележувањето на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на работа“ (Winter Bike to Work Day).

Станува збор за глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето  велосипед како превозно средство до работа и до училиште во текот на целата календарска година.

„Во зима со велосипед на работа“ e интернационален ден на којшто луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и на училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП