28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет општини избрани во грант програмата за поддршка на граѓанското општество

Пет општини избрани во грант програмата за поддршка на граѓанското општество

Програмата на Обединетите нации (УНДП) со градоначалниците на пет општини – Гостивар, Кавадарци, Куманово, Ресен и Струмица, потпиша меморандум за учество во Програмата за грантови за поддршка на партнерство на општините со граѓанските здруженија. Преку оваа програма ќе се финансираат приоритетни проекти за потребите на жителите на општините, со посебно внимание на ранливите и маргинализираните групи.

„Целите за одржлив развој не обврзуваат „да не оставаме никого зад нас“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Оваа програма ќе ни овозможи овие принципи да ги воведеме во пракса на локално ниво, преку помагање на општините да работат заедно со граѓанските организации за да изградат поинклузивни заедници.“
Во следните две години УНДП, во секоја од овие пет општини ќе додели 120.000 евра за грантови преку јавни повици и конкурси. Првите повици за грантови се очекуваат да бидат објавени во март 2018 година, со приоритет на проектите фокусирани на ранливите групи и на оние што промовираат родова еднаквост и човекови права, како и зајакнување на социјалната кохезија и заштита на природата.

Петте општини се избрани врз основа на поголем број утврдени критериуми, вклучително и географскиот диверзитет. Како еден од условите за учество во програмата беше и обврската на општината да обезбеди кофинансирање за грантовите и да гарантира транспарентност и отворен, конкурентен процес при финансирањето на граѓанските здруженија.

Проектот е финансиран од Европската унија со средства во висина од 845.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП