18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз достигна нов рекорд

Германскиот извоз достигна нов рекорд

Поради зголемениот увоз минатата година, германската економија за прв пат од 2009-та година го намали својот трговски суфицит. Извозот го надмина увозот за 244,9 милијарди евра, според податоците на Федералниот завод за статистика во четвртокот. Највисоката бројка беше постигната во 2016-та година за 248,9 милијарди евра.

Податоците се следени под лупа во странство, бидејќи Германија е изложена на притисок на меѓународен план со години поради огромниот извозен вишок. Неодамна, шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, исто така, ја критикуваше трговската политика на земјата.

Германскиот извоз пораснал за 6,3% во 2017-та година во споредба со 2016-та година, а увозот е зголемен за 8,3%. И извозот и увозот го надмина рекордот од 2016-та година. Минатата година извозот достигна 1.2794 илјади милијарди евра, додека увезените стоки изнесуваа 1,0345 илјади милијарди евра.

Надворешниот трговски биланс заврши во декември 2017-та година со суфицит од 18,2 милијарди евра. Календарските и сезонски прилагодените податоци се за плус од 21,4 милијарди евра.

Асоцијацијата за надворешна трговија „BGA“ очекува извозот да достигне рекорден максимум во 2018-та година се очекува извозот да порасне за 5 проценти до околу 1,34 илјади милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП