21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоскапе храната во ЕУ и Русија

Поскапе храната во ЕУ и Русија

super1

Малопродажните цени на храната во Русија во април се зголемени за 0,7 проценти во однос на претходниот месец, додека во Европската унија тоа зголемување беше од 0,2 проценти.

Зa првите четири месеци, од јануари до април, храната во Русија е поскапена за 2,8 проценти во споредба со истиот период од минатата година, а во ЕУ за 1,1 процент, покажуваат податоците на Росстат и Еуростат.

Меѓу членките на ЕУ најголем месечен раст на потрошувачките цени на прехрамбените производи во април е забележан во Словенија (1,1 процент), Унгарија (0,8 проценти) и Австрија (0,7 проценти).

Од почетокот на годината до крајот на април најмногу покапела храната во Финска (4,1 процент), Словенија и Естонија (3 проценти) и Унгарија (2,7 проценти).

Во неколку држави од Европската унија цената на храната во април беше намалена. На Кипар таа се намали за 1,4 проценти а во Чешка, Бугарија, Данска, Холандија и Португалија од 0,1 до 0,6 проценти.

Потрошувачките цени во ЕУ во април, во однос на март, не се променети, додека во периодот од јануари до април се зголемени за 0,5 проценти.

Априлската инфлација во Русија достигна 0,5 проценти, а за првите четири месеци 2,4 проценти.

Меѓу државите од ЕУ вкупните цени за април најмногу се зголемени во Малта (2,9 проценти). Дефлацијата истовремено беше забележана во Белгија, Бугарија, Германија, Данска, Ирска, Франција и Швајцарија (од 0,5 до 0,1 проценти).

Во периодот од јануари до април најголема инфлација беше забележана во Малта (2,6 проценти), во Холандија (2,4 проценти) и Естонија (2,3 проценти), додека падот на цените е забележан во Бугарија (0,5 проценти), Грција и Швајцарија (0,1 процент).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП