22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН ја поддржува иницијативата „Во зима со велосипед на училиште и работа”

МОН ја поддржува иницијативата „Во зима со велосипед на училиште и работа”

Министерството за образование и наука дава поддршка и се приклучува кон иницијативата на неформалното здружение „На точак“ и ги повикува сите да се вклучат во овогодишниот Winter Bike To Work Day/School Day, глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето  велосипед како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година.

Winter Bike to Work Day e интернационален ден на којшто луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во студените месеци, водејќи се од наративот „Не постои лошо време, постои само лоша опрема“ се наведува во соопштението.
МОН ги повика учениците, наставниците, професорите и студентите да се придружат на оваа прекрасна иницијатива.

„Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на другите граѓани и учесници во сообраќајот“, се додава во соопштението.

Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП