27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА127,2 милони евра одобрени за железниците, патиштата и техничка помош

127,2 милони евра одобрени за железниците, патиштата и техничка помош

Ревидирана и одобрена е секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Преку оваа програма обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република Македонија.

„Средствата се наменети за реализација на проекти во секторот Железници, во секторот Патишта и за техничка помош. Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и истите ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Во секторот Патишта обезбедени се 48,7 милиони евра кои се наменети за изградба на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново; реконструкција на делница Куманово – Ранковце; изградба на трета лента на патен правец Градско – Прилеп, делница Плетвар; замена на заштитни огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри“, велат од Министерството.

За техничка помош обезбедени се 7 милиони евра, кои ќе се искористат за изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, замена на сигнализација на железничките премини, изградба на мултимодален јазол во Трубарево.

Од Министерството велат дека Владата е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП