4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски лидери во незнаење - Бразил, Јужна Африка и Филипини

Светски лидери во незнаење – Бразил, Јужна Африка и Филипини

Голем број луѓе во одредени земји не поседуваат завидно знаење за најважните животни прашања, открива најновата студија која изработи листа на најнеобразовани земји во светот.

Студијата на компанијата „Ипсос МОРИ“ испитала 29,133 лица низ светот постувајќи им прашања за националните и светските проблеми.

Прашањата се однесувале на тероризам, убиства, тинејџерската бременост и здравје. Резултатите покажале дека луѓе од 38 испитани земји поседуваат големо незнаење за некои основни прашања и светски проблеми.

На пример, дури шест од десет луѓе сметаат дека постои врска меѓу вакцината и аутизмот кај здравите деца, а наспроти тврдењата дека тоа не е точно, дури 42 отсто луѓе сметаат дака тоа е лага. За „најпијана“ земја во светот, многумина и натаму ја сметаат Русија, а вистината е дека Русија е на седмото место, додека прва е Белгија.

Од соседите, Србите на листата за најнеобразовани луѓе, се наоѓаат на 33-то место, а веднаш зад нив се Црногорците, што значи дека добро котираат на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП