18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот Сенат постигна компромис за буџетот

Американскиот Сенат постигна компромис за буџетот

Претставниците на Сенатот на САД постигнаа двегодишeн буџетски договор во вредност од околу 300 милијарди долари, што ќе ги зголеми државните расходи за одбрана и ќе ги зголеми трошоците со што ќеја прекине состојбата на постојани буџетски кратења, во обид да се стави крај на споровите по фискалните прашања, кои со години се водат во Вашингтон, пренесува „Ројтерс“.

„Овој договор е производ на широки преговори меѓу лидерите на Конгресот и Белата куќа“, коментира лидерот на републиканското мнозинство Мич Меконел. „Работевме напорно за да постигнеме заедничка позиција и останавме фокусирани на служење на американскиот народ“.

Чак Шумер, лидерот на демократите во Сенатот, рече дека договорот ќе стави крај на трошоците. Но демократите во Претставничкиот дом предупредија дека нема да го поддржуваат договорот, освен ако Пол Рајан не ветуваат напредок во одделни закони во областа на имиграционата политика.

Повисоките трошоци за одбрана ќе му дозволат на претседателот Доналд Трамп да исполни дел од ветувањата од неговата изборна кампања. Неговите сојузници од Републиканската партија ги контролираат двете комори на Конгресот.

Договорот, исто така, предвидува програми за помош при катастрофи, инфраструктура и анти-злоупотреба, рече Сенатот.

Изворот на „Ројтерс“ од Конгресот тврди дека зголемувањето на трошоците кои не се за одбрана, се 131 милијарди долари, а вклучуваат 20 милијарди долари за инфраструктура. Покрај тоа, финансирањето на Програмата за детско здравствено осигурување ќе се зголеми за 10 години наместо сегашните шест, додава изворот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП