6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување банките да се подготват за тврд Брегзит

Предупредување банките да се подготват за тврд Брегзит

Европската централна банка ги предупреди денес банкарските институции во Британија и континентална Европа дека треба да бидат подготвени за т.н. тврд Брегзит.

Тоа е сценариото според кое Британија следната година ќе ја напушти Унијата без прелазен период или сеопфатен аранжман кој би ја олеснил транзицијата.

Забине Лаутеншлагер, потпретседател на надзорното одделение на ЕЦБ, изјави дека банките кои сакаат да се преселат од Лондон веќе треба да поднесат барања за издавање на дозволи.

Таа изјави дека до сега тоа го направиле осум банки, пренесува агенцијата АП.

Лаутеншлагер изјави дека банките, во зависност од тоа како ќе течат преговорите за Брегзит, би можеле да добијат повеќе време за преселување, но само оние кои веќе претставиле „кредибилни планови“ за таа акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП