11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром суверено владее со Европа - срушен рекордот

Газпром суверено владее со Европа – срушен рекордот

Газпром го зголеми својот удел на пазарот во Европа во 2017 година од 33 на 34,7 проценти, соопшти заменик претставникот од управата на компанијата Александар Медведев.

„Уделот на Газпром на пазарот се зголемува. Испораките растеа побрзо од пазарот“, нашиот удел на пазарот во Европа се зголеми до рекордните 34,7 проценти, изјави Медведев на состанокот со инвеститори во Њујорк.

Минатата година, компанијата го зголеми производството на гас за 12,4 проценти, на 471 милијарди кубни метри. Испораките на гас во Европа пораснале за 8 проценти, до 193,6 милијарди кубни метри, пишува Спутник.

Според податоците на „Газпром експорт“, околу 80 проценти од испораките од Русија отпаѓаат на земјите од западна Европа, а 20 проценти на централноевропските држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП