3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрик од Шкотска: Катастрофа после Брегзит

Крик од Шкотска: Катастрофа после Брегзит

Ограничувањето на миграцијата по излезот на Велика Британија од Европската унија ќе биде „катастрофално“ за шкотската економија, објави владата на оваа британска провинција.

Ретко населената Шкотска вели дека имигрантите и се потребни за развој на економијата.

Шкотска на референдумот во 2016 година гласаше за останување во ЕУ, а погусто населената Англија гласаше за излегување и на одлуката на англиските гласачи во голема мера влијаеше и стравот од поголем број на имигранти од другите земји членки на ЕУ.

Битанската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе го намали бројот на имигранти на десетина илјади од сегашните стотина илјади.

Се предвидува дека во иднинте 25 години работоспособното насление на Шкотска би можело да расте за само 1 процент, додека популацијата на пензионери би растела за 25 проценти. До 2040 година, според студијата на шкотската влада, падот на доселениците би можел да го намали БДП за 4,5 проценти или за речиси 5 милијарди фунти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП