Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) ја зголеми прогнозата за раст за германската економија на 2,7% од 2,2% во 2018-та година и покрај слабата продукција на крајот од минатата година.
Германската економија ужива поволен подем, благодарение на рекордното вработување, зголемената безбедност на работното место, зголемувањето на платите и ниските трошоци за кредити. Нагорниот тренд неодамна беше засилен со закрепнување на извозот и инвестициите од страна на компаниите.
„Компаниите никогаш не биле пооптимисти“, велат од „DIHK“ во едно неодамнешно деловно истражување, што покажува дека деловната атмосфера дополнително се подобрува во почетокот на 2018-та година и покрај посилното евро.
Германските компании прават инвестициски планови со невиден чекор, иако многумина се соочуваат со бариери за капацитетот, а недостатокот на квалификувани работници се заканува да го задржи растот, соопшти Комората.
Според нивното истражување за компаниите најголема закана за нивниот иден раст е недостигот на квалификувана работна сила и зголемените трошоци за работна сила. Повеќето менаџери не се загрижени поради неодамнешната апрецијација на еврото, при што само 13% го опишуваат како ризик за иден раст. Бројката е намалена од 18%, кои се загрижени за растот на валутата во есенската студија на „DIHK“.
Владата очекува економијата да порасне за 2,4% во оваа година, откако ќе се зголеми за 2,2% во 2017-та година.