2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаборавете на класичното CV: За работата од соништата мора да направите нешто...

Заборавете на класичното CV: За работата од соништата мора да направите нешто повеќе

rabota6

Иако класичната биографија сеуште „врши работа“, за некои работни места треба да покажете поголема креативност.

Причината за тоа е дека класичните методи ги користат сите. А конкуренцијата е голема. Оние кои сакаат да се истакнат мора да направат нешто повеќе.

Што да направите…. е тоа зависи од категоријата на компанијата во која се пријавувате. Ако ве интересира работата во финансискиот сектор, добро е да стоите до стандардната форма. Но, во повеќето други области, ако сакате да се вклопите – најпрво мора да се истакнете.

Еве неколку совети кои можете да ги следите ако сакате на полесен начин да дојдете до посакуваната работа…

1. Создадете нешто

Делата зборуваат повеќе од зборовите. Создавањето на нешто – независно што, покажува дека вие сте самоуки и дека сакате да напредувате. Тоа покажува дека во вас „има нешто“.

2. Напишете интересна молба

Наместо класично да се претставите и на самиот почеток читателот на вашата молба да се успие, напишете нешто интересно што ќе го натера да ја прочита целата ваша молба со ист жар од почетокот до крајот, истакнете нешто, некоја реченица или анегдота која ќе остане запаметена од страна на работодавецот.

3. Разбудете и оживејте ги соништата кај работодавецот

Се исплати да бидете проактивен, особено кога барате работа.

Ако му пристапите на работодавецот и му кажете дека со ваша помош тој ќе може да ги оствари сите зацртани цели, ќе ги засените сите останати кандидати за работа. На интервјуата работодавецот ги памети оние кои уште на почетокот покажале иницијатива да помогнат.

4. Бидете свои

Направете нешто сосема поинаку не само поради крајната цел, туку и поради тоа што ќе докажете дека поинаку размислувате од другите. Затоа, наредниот пат кога ќе посакате да ја усовршите вашата кариера, едноставно пронајдете свој, поинаков пат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП