6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна акцијата за чистење на градежниот материјал од Вардар

Започна акцијата за чистење на градежниот материјал од Вардар

За да се намали опасноста од излевање на реката Вардар при поголеми врнежи од дожд, екипите на Град Скопје денеска во центарот на градот почнаа акција за расчистување на насипите и градежниот материјал натрупан во коритото на реката.

„Целта на оваа акција е да ја намалиме опасноста од излевање на реката при поголеми врнежи од дожд. Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста на водата, а со тоа сериозно се зголемува ризикот од поплави. Од тие причини, овие неколку дена екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ ќе работат на расчистување на теренот, а истовремено му е наложено на градежното претпријатие ‘Бетон’, како изведувач на објектот ‘Панорамско тркало’, да го среди своето градилиште и да овозможи максимална проточност на коритото во делот на тој пешачки мост’, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Тој рече дека дождовите ја открија опасноста по безбедноста на граѓаните, нивните имоти и објектите околу Вардар која е предизвикана од проектот „Скопје 2014“.

Отстранетиот градежен материјал ќе се однесе во депото на ЈП „Улици и патишта“ во Железара. Акцијата за расчистување на реката Вардар ќе се одвива во строгиот центар на градот, во делот од коритото меѓу мостот „Гоце Делчев“ и Камениот мост, поточно, кај првата галија, каде што е најтесно грлото на реката и постои најголема можност водата да се излее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП