5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа продажба дел од возниот парк на Општина Карпош

На продажба дел од возниот парк на Општина Карпош

Четири патнички и едно товарно возило кои се дел од возниот парк на Општина Карпош ќе бидат дадени на продажба.

„Станува збор за патничкото моторното возило ‘ауди кју7′, потоа возилото марка “санг јонг’, патничкото возило ‘форд фиеста’ и автомобилот марка ‘застава југо’, како и товарното возило ‘волво’. За ова одлучија советниците на Општина Карпош на денешната седма седница на Советот“, велат од Општината.

Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата ќе бидат наменети за купување на возило за товар на лисја и смет, со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената во Општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП