21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе прави проценка на штетата во Државниот архив, се бара трајно решение

Се прави проценка на штетата во Државниот архив, се бара трајно решение

Владата прави проценка колкава е штетата што ја предизвикале дождовите и поплавите во Државниот архив, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Тој истакна дека се бара функционалано решение за Архивот, како и за другите згради од проектот „Скопје 2014“, бидејќи 90% од објектите се соочуваат со истите проблеми.

-Настанатата ситуација е резултат на исклучително нелогично однесување на претходната Влада, но нема да навлегуваме во тоа. Решението што ќе го донесе Владата ќе биде долготрајно, во интерес и заштита на Архивот затоа што сме свесни дека тие документи се национално богатство на Република Македонија, рече Бошњаковски и додаде дека архивските материјали се заштитени бидејќи биле во старото депо на Државниот архив.

Според Бошњаковски, со преминувањето од старата во новата зграда е направена голема конфузија, па оттука не е сигурно дали соодветно решение би било враќање во стариот објект, но потенцира дека се бара долготрајно решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП