26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКоктел витамини за подобро здравје - Победете ја настинката

Коктел витамини за подобро здравје – Победете ја настинката

Во периодите кога владеат вируси, важно е дополнително да го зајакнете имунитетот.

Едноличната исхрана најмногу ја слабее способноста на организмот да се избори со болестите, затоа е важно редовно да јадеме овошје и зелечук, особено оние кои се богати со витаминот Ц. Цинкот го скратува траењето на настинката, а го има во јунешкото, свинското, семките и јаткастите плодови, житарките од цело зрно и морските плодови.

Овој рецепт за „витаминската бомба“ ќе ви помогне ладните месеци да ги поминете во добро здравје и расположение. Потребно ви е: 100 гр суво грозје, 150 гр ореви, 100 гр бадеми, сок и кора од два органски лимони, 100 гр суви кајсии, 100 гр суви сливи, 250-300 гр мед.

Сомелете го сувото овошје, оревите, бадемите и лимоновата кора, додадете сок од лимон, помешајте и додадете ги мелените суви сливи и кајсии.

Промешајте, додадете го медот и повторно добро промешајте. Ставете ја смесата во чиста тегла, оставете ја да отстои на темно место, два-три дена, па чувајте ја во фрижидер. За децата постари од 3 години се препорачува по една лажица два пати на ден, а за возрасните 1-2 лажици три пати на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП