3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Општина Аеродром се одржа крводарителска акција

Во Општина Аеродром се одржа крводарителска акција

Во просториите на Општина Аеродром вчера се одржа крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Македонија. Меѓу крводарителите беа градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и дел од вработените во Општината.

„Крводарителската акција беше отворена за јавноста и траеше четири часа. Имаше голема заинтересираност, а крв даруваа вкупно 38 лица. Им благодариме на сите кои дојдоа и даруваа крв под мотото ‘Дарувај крв-спаси живот’“ порачаа од општината.

Поради големата заинтересираност, крводарителската акција преминува во редовна активност на Општината и ќе се одржува двапати годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП