4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинансиската поддршка од Норвешка за Македонија ќе се зголеми двојно

Финансиската поддршка од Норвешка за Македонија ќе се зголеми двојно

Норвешка во наредниот период двојно ќе ја зголеми финансиската поддршка за Република Македонија. Поголемиот дел од средствата од ова значително зголемување ќе бидат насочени кон формирање фонд за социо-економски развој на неразвиените региони во државата. Ова на премиерот Зоран Заев денеска му го соопштил амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Бјорнстад.

На средбата амбасадорот на Норвешка истакна дека дел од финансиските средства ќе бидат наменети и за процесите за подготовка на земјата за членството во НАТО и Европската Унија, како и во поддршката на интеретничките аспекти во образованието што во Република Македонија се спроведуваат преку организацијата „Нансен дијалог центар“.

„Амбасадорот Бјорнстад и премиерот Заев разговараа и за актуелни политички прашања во Република Македонија и во регионот. Норвешкиот амбасадор истакна дека Кралството Норвешка со внимание ги следи настаните и дека изразува честитки за досегашниот реформски процес во клучните области во земјата, како и за придонесот на Владата на Република Mакедонија за напредокот во решавањето на прашањето за името на нашата земја“, соопшти владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП