19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкција на улицата Бигла на Водно

Реконструкција на улицата Бигла на Водно

Општина Центар почна реконструкција на улицата Бигла која е полна со ударни дупки кои претставуваат опасност за движење на граѓаните и возилата. Каблите на операторите висат на улицата и им пречат на жителите и минувачите.

„По цели 50 години, за жителите на улицата Бигла на Водно калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен бетон, а некаде е покриена со кал. Вистински куриозитет претставува фактот дека последен пат улицата била уредена при посетата на Јосип Броз Тито“, велат од Општина Центар.

Улицата Бигла, која се наоѓа спроти Клиничкиот центар, ќе добие нов водовод, асфалтиран коловоз, реконструирано осветлување со најнова ЛЕД технологија, а каблите на операторите ќе бидат спуштени под земја според европските стандарди.

Следни улици на Водно коишто ќе бидат реконструирани се Караорман, Капиштец и Рилски Конгрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП