3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезапаметено од 2008: Дефицитот на САД на рекордно ниво

Незапаметено од 2008: Дефицитот на САД на рекордно ниво

Трговскиот дефицит на САД во изминатата година достигна највисоко ниво во последните девет години.

Трговскиот дефицит на САД порасна на 566 милијарди долари во изминатата година, што е највисокото ниво од 2008 година кога достигна 708,7 милијарди долари, покажуваат податоците на американското Министерство за трговија, пренесува агенцијата АП.

Увозот порасна на рекордни 2,900 милијарди долари, а извозот на 2,300 милијарди долари.

Дефицитот на САД во трговијата со Кина достигна рекордни 375,2 милијарди долари, а со Мексико порасна на 71,1 милијарда долари.

Само во декември, дефицитот на САД во трговијата со остатокот од светот пораснал на 53,1 милијарди долари од 50,4 милијарди долари од ноември, што е највисокото ниво од октомври 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП