3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродромот во Дубаи е најпрометниот во светот

Аеродромот во Дубаи е најпрометниот во светот

Меѓународниот аеродром во Дубаи со новиот рекорд од 88,2 милиони меѓународни патници минатата година го задржа статусот најпрометниот аеродром во светот.

Оваа титула аеродромот во Дубаи ја држи четврта година по ред, соопшти групацијата Dubai Airports. Бројот на угостени патници е зголемен за 5,5 проценти во однос на 2016 година на овој водечки аеродром.

Во изминатата година 88,2 милиони патници прошле преку меѓународниот аеродром во Дубаи, во однос на 83,6 милиони во 2016 година. Аеродромот во Дубаи стана првиот во светот според бројот на патници кога го надмина лондонскиот Хитроу во 2014 година.

Индија, во изминатата година, остана главна дестинација од Дубаи со 12 милиони патници, што е за 5,4 проценти повеќе отколку во 2016 година. Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) живее голема индиска заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП