Моќноста на ветерот во европските мориња се зголеми за 25 отсто во 2017-та година, објави „АФП“, цитирајќи го годишниот извештај на европското здружение „WindEurope“.
Изградбата на 13-те нови фарми со ветерници е завршена, а вкупните капацитети се зголемија за 3,1 гигават на вкупно 15,8 гигават во крајбрежните ветерници.
Џилс Диксон, претседател на здружението, во изјавата објави дека овој скок бил „импресивен“.
„Инвестирањето во крајбрежните фарми со ветерници денес не вреди поскапо отколку во конвенционалните системи за производство на електрична енергија“, рече Диксон, објаснувајќи го овој развој.
Речиси сите нови турбини се концентрирани во Велика Британија и Германија, каде што се инсталирани 1,7 и 1,3 гигават.
„WindEurope“ истакнува дека во моментов се градат 11 фарми за ветерници, што ќе го зголеми вкупниот капацитет за уште 2,9 гигавати.
Извештајот, сепак, нагласува дека европските крајбрежна ветерна енергетика останува „високо концентрирана“ во Германија, Данска, Холандија и Белгија, каде што се наоѓаат 98% од турбините.
Асоцијацијата предвидува дека вкупните европски капацитети би можеле да достигнат околу 25 гигавати до 2020-та година, но потоа „нештата не се толку јасни“ и ќе зависи од заложбите на поединечните влади.
„Премалку земји го определија обемот на нови турбини што планираат да ги инсталираат до 2030-та година“, објаснува Диксон, повикувајќи ги владите да имаат корист од намалувањето на трошоците.
Во 2017-та година беа донесени одлуки за финални инвестиции за изградба на 2.5 гигавати нов капацитет во вредност од вкупно 7,5 милијарди евра. За 2018-та, „WindEurope“ очекува нови одлуки за конечни инвестиции од околу 9 милијарди евра.