2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се плаши од цехот од падот на берзите, ја одложува својата...

Грција се плаши од цехот од падот на берзите, ја одложува својата аукција

Грција одлучи да ја одложи аукцијата планирана за оваа недела за седумгодишните обврзници поради превирањето на меѓународните финансиски пазари, изјавија официјалните претставници.

Официјалните лица од Министерството за финансии и агенцијата за јавен долг се состаноа вчера по големите загуби на Њујоршката берза после кои и во остатокот од светот дошло до масовна продажба.

Грција веќе ангажирала пет банки да раководат со претстојаната аукција.

Се очекува дека Грција три пати ќе издаде обврзници пред истекувањето на меѓународниот пакет помош во август. Новите задолжувања се дел од планот за повраток на пазарите, прв пат од 2010 година, кога ескалираше должничката криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП