6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајопасни работни места

Најопасни работни места

ribar1

На листата за оваа година за најопасните работни места, американската Канцеларија за статистика на трудот, на првото место, како најопасна професија го назначи работното место рибар.

На второто место се наоѓа работното место дрвосечач, а на третото пилот.

Листата на „BLS“ која се објавува секоја година се темели врз повеќе критериуми, како што се повредата при работа, бројот на загинати лица, условите за работа, стресот на работното место и слично, пренесува агенцијата АФП.

Професијата рибар е најопасна, бидејќи стапката на смртност изнесува 1:500 работници. Просечната годишна плата на рибарите е 31,594 евра. На второто место на листата за најопасни работни места е дрвосечачот, од кои секој 1618-ти го губи својот живот на работното место. Нивата просечна годишна заработка изнесува 28,819 евра.

Пилотите, од кои при летот настрадал секој 1751-ви работник, е третата најзагрозена професија, која има просечна годишна плата од 84.417 евра. На четвртото место се земјоделците. Секој 2597-ми работник настрадал при работа. Ниваната просечна заработка е 26,405 евра годишно.

На шестата позиција се работниците во железара, бидејќи секој 2597-ми работник настрадува на своето работно место. Годишната заработка на овие работници е 21,792 евра годишно.

Чистачите на улиците се седмата најзагрозена категорија на работници, со годишна заработка од 25.32 евра и стапка на смртни случаи од 1:3698 лица.

На осмото место се работниците кои ги сервисираат и одржуваат машините во фабриките, чија стапка на смртност е 1:5004, а просечната годишна заработка им изнесува 33,371 евра.

Професионалните возачи на моторни возила, со просечна годишна плата од 30,787 евра, чија стапка на смртност изнесува 1:5464, се на деветото место, а на десеттото место се работниците на брод, кај кои смртен случај се појавува на секој 5464-ти работник, а нивната просечна годишна плата изнесува 47,502 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП