20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP објави повеќе од двојно зголемување на профитот во 2017-та

BP објави повеќе од двојно зголемување на профитот во 2017-та

Профитот на нафтената компанија „BP“ се зголеми повеќе од два пати во 2017-та година на 6,2 милијарди долари, поради значителното зголемување на производството на нафта и гас. Во исто време, компанијата продолжи со откупот на акциите, што покажува дека ги остави тригодишните тешкотии зад себе, објави „Ројтерс“.

„2017-та беше една од најсилните години во неодамнешната историја на „BP““, рече главниот извршен директор Боб Дадли. „Во втората година од нашиот петгодишен план влегуваме со вистински поттик, се повеќе и повеќе сме уверени дека можеме да продолжиме да растеме“.

Годишното производство се зголеми за 12 отсто на 2,47 милиони барели дневно откако „BP“ започна со работа на 7 нови нафтени и гасни полиња во 2017-та година.

Компанијата ќе стартува уште 5 проекти оваа година вклучувајќи во Египет, Азербејџан и британско Северното Море, што ќе помогне да се зголеми производството со 800.000 барели на ден до 2020-та година – главно од гас.

Сегментот со рафинирање и трговија на „ВР“ исто бележи раст на профитот до 7 милијарди долари во 2017-та година, а профитот на единицата за продажба се зголеми за над 10%.

„ВР“ е првата голема европска нафтена и гасна компанија која направи откуп на акции по тригодишен прекин, објавувајќи ги плановите да купува назад акции за 1,6 милијарди долари годишно за да се компензира намалувањето ефектот на дивидентната програма, при што акционерите можат да изберат дали да ги добиваат своите дивиденди преку пари или капитал.

Во четвртиот квартал од 2017-та година, компанијата купи акции вредни 343 милиони долари.

Потегот е јасен знак дека „ВР“ се опоравува по падот на цените на нафтата и постепено се ослободува од влијанието на уплатениот износ од 56 милијарди долари за казни и трошоци за расчистување на нафтата која се истури во 2010-та година.

Во 2017-та година, „BP“ успеа да ги покрие трошоците и да ги плати целосните дивиденди по цени на нафта од 50 долари за барел.

Компанијата објави нето добивка за четвртиот квартал од 2,1 милијарда долари, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите од 1,9 милијарди долари.

За споредба, една година порано, таа оствари профит од 400 милиони долари, а во третиот квартал од 2017-та година од 1,9 милијарди долари.

Нето добивката за годината порасна на 6,2 милијарди долари од 2,6 милијарди долари во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП