23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11 правила на Бил Гејтс кои нема да ги слушнете на училиште

11 правила на Бил Гејтс кои нема да ги слушнете на училиште

Gates_Bill_talking05_14338

Бил Гејтс, американскиот бизнисмен и информатичар кој е основач на „Microsoft“ и е најбогатиот Американец одржа говор во едно средно училиште за 11-те работи кои не сте ги слушнале и никогаш нема да ги слушнете во училиште или факултет.

Правило 1: Животот не е фер, навикнете се на тоа!

Правило 2: Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот те прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш добро да се чуствуваш во својата кожа.

Правило 3: Нема да заработуваш 60.000 долари годишно кога ќе завршиш со средно училиште. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, се додека тоа не го заслужиш.

Правило 4: Ако мислиш дека твојот учител е строг, почекај да видиш кога ќе го добиеш шефот.

Правило 5: Печењето хамбургери не ти е под чест. Твоите предци имале друг збор за печењето хамбургери: тиe го нарекле тоа можност.

Правило 6: Ако згрешиш не се твоите родители виновни, не „плачи“ за твоите грешки, учи од нив.

Правило 7: Пред твоето раѓање родителите не беа досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека и слушајќи те тебе како говориш дека си „cool“. Затоа пред да ја спасиш шумата од паразити обиди се да го средиш плакарот во твојата соба.

Правило 8: Твоето училиште има начин за решавање и на победникот и на губитникот, животот нема. Во некои учичишта ги укинаа негативните оцени и ти даваат безброј шанси да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот.

Правило 9: Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да ти помогнат да се пронајдеш самиот себеси. Тоа стори го во своето слободно време.

Правило 10: Телевизијата не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да заминат на работа.

Правило 11: Биди љубезен со бубалиците. Големи се шансите во иднина да работиш за некој од нив.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП