20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест сообраќајки вчера во Скопје, еден загинат

Шест сообраќајки вчера во Скопје, еден загинат

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди, во една загина малолетник, еден заврши со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (возач на товарно моторно возило), а едно лице се здобило со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 28 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената. Единаесет возачи се исклучени од сообраќај- и тоа девет возачи поради тоа што управувале возило без да стекнат право за управување, и двајца бидејќи биле возачи почетници.

Исто така, 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Тројца возачи се санкционирани поради минување на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на возила и пешаци, седуммина неправилно престигнувале и исто толку возачи не поседувале зимска опрема во возилата. Во текот на изминатите денови, исто така, издадени се 91 мандатни платни налози, додека 86 возила се подигнати со „пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП