20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРодово одговорно буџетирање во Општина Аеродром

Родово одговорно буџетирање во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, вчера го потпиша Меморандумот за соработка со телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), со што Аеродром станува родово сензитивна општина, општина со еднакви шанси за сите.

Преку Меморандумот за соработка со агенцијата на Обединетите нации Општина Аеродром ќе добие стручна помош и поддршка за воведување родово одговорно буџетирање, како еден од предусловите за членство во Европската Унија, како на национално, така и на локално ниво.

Соработката со оваа организација ќе се однесува во однос на воведување на родовата перспектива во локалните програми, нивно спроведување и следење преку примена на родово одговорно буџетирање, напредување во состојбата на жените и мажите на локално ниво, како и размена на искуство на државно и регионално ниво и учење од добрите практики од останатите европски градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП