26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: „И понатака постои потреба за печатење пари“

Драги: „И понатака постои потреба за печатење пари“

Шефот на Европската централна банка Марио Драги изјави дека е прерано да се прогласи победа над ниската инфлација.

Тој изјави и дека е прерано да се одреди датумот за прекин на печатењето пари и покрај тоа што економијата зајакнува.

Во неговата изјава подготвена за седницата на Европскиот парламент во Стразбур, тој се повикува на „трпение и истрајност“ во пристапот кон монетарната политика.

Според неговите зборови, непрекинатиот економски раст значи дека инфлацијата порано или подоцна ќе дојде до зацртаната цел од нешто под два проценти. Во мометот таа стапка е на ниво од 1,3 проценти на годишно ниво.

Драги не даде сигнали дека банката ќе престане со купувањето на обврзници во вредност од 30 милијарди евра месечно најмаку до септември, а и подолго ако биде потребно.

Тие купувања внесуваат новосоздадени пари во економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП