27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитико: Пентагон не знае каде се потрошени 800 милиони долари

Политико: Пентагон не знае каде се потрошени 800 милиони долари

Една од најголемите агенции на Пентагон неможе да ја оправда потрошувачката на 800 милиони долари, се наведува во интерниот извештај на водечката ревизорска компанија, до кој дошол американскиот портал „Политико“. Ревизорската фирма „ Ернст енд Јанг“ открила дека Агенцијата за логистика на америкснакото министерство за одбрана не успеала да документира повеќе од 800 милиони долари вложени во граѓански проекти.

Како што навела фирмата во својот прв извештај за Пентагон, тоа е само еден во низата примери во кои недостига трага на хартија за милиони долари во имоти и опрема. Како што потсетува „Политико“, овој извештај е откриен во моменти кога американскиот претседател предлага зголемување на воениот буџет.

Ревизијата отвора прашања за тоа дали Министерството за одбрана може одговорно да располага со годишниот буџет од 700 милиони долари, а особено дополнителните милијарди кои Трамп планира да ги предложи овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП