23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ќе ви ги врати парите доколку пронајдете поевтин лет (видео)

Ryanair ќе ви ги врати парите доколку пронајдете поевтин лет (видео)

Авиокомпанијата „Ryanair“ соопшти дека на сите патници кои ќе пронајдат поевтин лет од нивниот ќе им ја рефундира разликата.

Станува збор за нивниот нов план за 2018 година, а се однесува на ускладувањето на цените. Освен тоа што на патниците ќе им биде вратена разликата во цената на билетите, тие на својата сметка ќе добијат уште пет евра.

Една од најпознатите нискобуџетни авиокомпании даде и ветување дека 90 проценти од нивните летови ќе бидат спроведени на време, без доцнење. За патниците да ја искористат оваа понуда, треба да пронајдат летови кои се планирани на истиот аеродром на истиот ден, со разлика од два до три часа.

Сите услови и деталното објаснување ќе бидат објавени на нивниот официјален сајт, а можете да ги погледнете накусо и во видеото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП