Бројот на невработени во Словенија на крајот на јануари оваа година изнесуваше 87,919 лица, што претставува пад од 15,2 проценти во однос на истиот месец во 2017 година.
Во однос на декември тоа е пораст од 3,4 проценти, покажуваат денешните податоци на националниот Завод за вработување.
Во јануари се регистрирани 11.212 нови лица кои бараат работа, што е за 13,6 проценти помалку отколку во јануари минатата година, но е за 36,3 проценти повеќе во однос на месец декември, пренесува агенцијата СТА, прецизирајќи дека во најголема мера станува збор за лица на кои им истекол договорот за работа на одредено време.
Од 8,353 лица кои минатиот месец беа избришани од евиденцијата за невработени, 6,180 станале самовработени или пронашле работа, што е за 67,3 проценти повеќе во однос на декември и 2,0 проценти помалку отколку во јануари 2017 година.
Со оглед на ваквите движења, Заводот за вработување очекува дека вкупниот број на неврбаотени во Словенија ќе падне на околу 74,400 до крајот на 2018 година.