17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија не го гледа крајот на дефлацијата

Јапонија не го гледа крајот на дефлацијата

Јапонија се уште не е подготвена да го објави крајот на дефлацијата, рече премиерот Шинзо Абе.

Растот на цените во Јапонија сè уште не е доволно силен, рече Абе за време на парламентарната расправа со која се потврдува важноста за одржување на сегашниот девизен курс.

Изјавите на премиерот беа нагласени и од гувернерот на Јапонската централна банка, Харухико Курода подоцна денес, пренесува „Ројтерс“.

Абе рече дека очекува централната банка да продолжи со забрзување на олабавувањето на монетарната политика за да стигне до целта за инфлација од 2 отсто.

Коментарите претходат при промената во раководството во „ВоЈ“, откако петгодишниот мандат на гувернерот Курода и неговите двајца заменици истекува во април и март.

Сепак Абе не даде нови докази за тоа дали Курода се уште ќе биде одговорен за овој развој како гувернер на „ВоЈ“. Се очекува Владата да ги поднесе своите кандидатури до Парламентот најрано до средината или до крајот на февруари. Според извори од „Ројтерс“, Курода има силна шанса да биде повторно назначен.

Пред парламентарната комисија, Курода рече дека „ВоЈ“ не се брза да ја повлече својата масовна стимулативна програма.

Тој призна истовремено дека долготрајното квантитативно олеснување дополнително ги отежнува регионалните банки кои веќе страдаат од стеснување на маргините поради стареењето на населението.

„Сепак е исклучително важно да ја постигнеме нашата инфлација од 2%“, рече Курода. „Јапонската инфлација останува далеку од нашата цел, па затоа треба да продолжиме трпеливо со моќно олеснување на монетарната политика“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП