22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе лансира 4 електрични модели за 5 години

Nissan ќе лансира 4 електрични модели за 5 години

Во септември, главен извршен директор на „Renault-Nissan-Mitsubishi“, Карлос Гон изјави дека плановите на Алијансата вклучуваат лансирање на најмалку 12 електрични возила на пазарот до 2022-ра година.

Сега има малку повеќе информации за тоа како овие електрични модели ќе бидат дистрибуирани до брендовите во компанијата. Информациите доаѓаат од Тошихиро Хираи, потпретседател на „Nissan“, одговорен за погон и инженеринг на електрични возила.

Тој објасни дека „Nissan“ и „Infiniti“ ќе стартуваат со 6 од овие електрични автомобили во наредните 5 години или уште порано. 4 од моделите ќе бидат Nissan, а другите две ќе одат во луксузниот бренд на Јапонците – „Infiniti“. Во моментов, „Nissan“ нуди два електрични модели – втората генерација на „Nissan Leaf“ и „e-NV200“.

„Infiniti“ нема електричен модел во својот асортиман, но брендот веќе најави дека работи на таков автомобил и треба да биде презентиран до 2021-ва година. Според шпекулациите, „Infiniti“ прво ќе воведе луксузно електрично купе или седан, а потоа ќе лансира и електричен „SUV“.

Што се однесува до „Nissan“, таму можностите се прилично повеќе, сепак, прогнозите се дека барем еден од овие нови електрични модели ќе е кросовер или „SUV“. Другиот модел може да биде третата генерација на „Leaf“, а третиот и четвртиот се очекува да бидат електричен седан, па дури и пикап за американскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП