22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот архив ќе се сели на нова локација поради честите поплави

Државниот архив ќе се сели на нова локација поради честите поплави

Државниот архив ќе се сели на нова локација. Причина за тоа е честото поплавување на објектот кој се наоѓа на кејот на Вардар.

Поплавувањето се случува при секој пообилен дожд, поради што се нанесува сериозна штета на документацијата во Архивот, кој функционира во склоп на Археолошкиот музеј вреден 42 милиони евра, а кој беше изграден како дел проектот „Скопје 2014“.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски денеска најави дека веќе се бара просторно решение за Архивот и обвини за нестручност при изведбата на новата зграда. Прокиснувањето ги загрозувала и документите кои ги чува државниот архив.

„За жал ова е уште еден доказ за нестручно изведен објект. Заедно со Владата размислуваме за нова локација за Државниот архив. Бараме нова зграда оти во овој објект на Археолошкиот музеј при секој дожд се соочуваме со прокиснување и се загрозува архивската граѓа. Комплетно ќе се преселат и вработените кои сега работат во несоодветни услови и целокупната документација која ја поседува Архивот. Се уште немаме одлука каде ќе се сели Архивот оти убаво треба да ги разгледаме сите опции не би сакале да имаме домино ефект, да решиме еден проблем, а да создадеме нов“, рече Алаѓозовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП